Производ

Еден систем, секој на своето место во погонот.

Од таблетот на машината до ТВ на ѕидот и извештајот на менаџерот — истите податоци, без препишување.

Секогаш вклучено

Оператор и застои

  • Застојот се бележи автоматски од пулс / статус на машината, или рачно.
  • Операторот избира причина од шифрарник со два допири.
  • Некодиран застој не исчезнува — останува видлив додека не се кодира.
  • Работи на таблет или touch панел покрај машината.
  • Операторот не ја менува количината на налогот: предвремено запирање е пауза со причина, налогот го затвора планерот.
Таблет на операторот: машината стои, застојот чека кодирање.
Застој во тек
Таблет на операторот: избор на причина за застој од шифрарник.
Кодирање со два допири
Touch панел покрај машина со тековен налог и застои.
Touch панел

Пробај како оператор

Кодирајте застој со два допири — на вашиот телефон.

Скенирајте го кодот: телефонот го отвора екранот на операторот. Машината стои, вие ја избирате причината.

Отвори го демотоили отвори го тука →

Модул

Andon

  • Повик до техничари за одржување и автоматика, магацин, квалитет или раководител на смена.
  • Ескалација по нивоа: ако повикот не е прифатен, оди на следното ниво по минути по ниво. Можете да го доделите или да го прифатите.
  • Push известување на лични Android телефони; на телефонот само аларми и основното.
  • Andon ТВ — преглед на отворени повици.
Телефон на техничар: активни аларми со време до ескалација.
Техничар · аларми
Andon ТВ со отворени повици по машина.
Andon ТВ

Пробајте: повикајте техничар и не прифаќајте.

CNC-03Оператор · Смена 1

Што ви треба?

Демо: 1 секунда = 1 минута. Минутите по ниво се стандардни и се менуваат по фабрика.

Отворен 0:00
  1. 1
    Техничар10 мин
    чека
  2. 2
    Раководител одржување15 мин
    чека
  3. 3
    Раководител производство30 мин
    чека
  4. 4
    Директорне ескалира понатаму
    чека

Изберете причина и повикајте. Ако никој не прифати, повикот оди едно ниво погоре.

Модул

MachineTakt Board

  • Табла за ТВ во погонот со SQDCP — безбедност, квалитет, испорака, трошок, луѓе.
  • Не бара најава — се прикажува на ѕидот.
  • Преглед на машини на ТВ.
MachineTakt Board на ТВ: SQDCP показатели на погонот.
MachineTakt Board
Преглед на машини на ТВ со статус на секоја машина.
Преглед на машини

Модул

Планирање и налози

  • Налози по фази: Планиран → Распределен → Активен → Прекинат → Завршен.
  • Автоматска распределба на налози по машини; распоред на табла.
  • Вишок од налог оди на залиха.
Планирање: распоред на налози по машина и ден.
Распоред
Планирање: листа на работни налози по фази.
Налози

Модул

ERP врска

  • Влечење налози од ERP (Pantheon или домашен) и враќање пријави.
  • Врска преку SQL Server, REST или папка.
  • Одлуките и редицата на пријави се видливи — ништо не се губи при прекин на врската.
Екран за ERP врската: синхронизација, одлуки и редица на пријави.

Модул

Одржување и резервни делови

  • Превентивно одржување по распоред, работни налози.
  • Историја на машина, MTBF и MTTR.
  • Каталог на делови, залиха, автоматско издавање при затворање на налог или andon.
  • Планираното одржување е надвор од OEE; пречекорувањето се брои како загуба на достапност.
Одржување: табла со планирани и задоцнети работи.

Секогаш вклучено

KPI и извештаи

  • OEE = достапност × брзина × квалитет, по машина, линија и смена.
  • Pareto на загуби по причина — каде точно се губи времето.
  • Извештаи за смена, ден и период.
KPI: OEE и неговите три делови со крива во времето.
OEE
KPI: загуби по група и причина.
Загуби по причина
Преглед на сите машини со статус и OEE.
Преглед
Извештај за смена, ден или период.
Извештаи

Секогаш вклучено

Администрација

  • Улоги и права; пристапот е отворен стандардно, ограничувања се вклучуваат по потреба.
  • Машините, поврзувањето и праговите ги менува само добавувачот.

Да го видите на вашите машини?

Закажете демо или посета во вашата фабрика.