OEE · Andon · Board

Секоја минута застој — видена, кодирана и решена.

OEE систем направен за македонски фабрики. Работи во погонот, без cloud, на уредите што веќе ги имате.

Демо: табла на погон со шест машини што во живо менуваат статус — работи, застој, andon. Застојот прво е некодиран, па кодиран, па решен.

Знаете дека губите. Не знаете каде.

  1. Застоите се запишуваат на хартија на крајот на смената — ако воопшто.

  2. „Машината стоеше“ не е причина. Без причина нема што да се поправи.

  3. Техничарот дознава подоцна отколку што треба, а раководителот — најпоследно.

  4. Податоците за OEE се собираат рачно во Excel и не се веруваат.

Еден застој, видлив на сите уреди — веднаш.

  1. 01 Секунда 0

    Таблет

    Операторот го кодира застојот со два допири.

    CNC-03 застанува во 09:12. Системот сам го отвора застојот — операторот само ја бира причината: Дефект на машина → Хидраулика.

  2. 02 Веднаш

    Телефон

    Техничарот добива аларм на телефон.

    По една минута дефект, andon оди до одржување. Ако никој не прифати за 10 минути, повикот ескалира на следното ниво.

  3. 03 Во живо

    ТВ во погонот

    Табелата на ѕидот го покажува застојот во живо.

    Целиот погон гледа која машина стои, зошто, колку долго и дали некој е на пат — без барање по халата.

  4. 04 Истиот ден

    KPI

    Менаџерот го гледа во KPI истиот ден.

    34 минути застој, одзив и време на поправка — запишани сами. OEE на смената паѓа и почнува да се враќа штом машината проработи.

Пробај како оператор

Кодирајте застој со два допири — на вашиот телефон.

Скенирајте го кодот: телефонот го отвора екранот на операторот. Машината стои, вие ја избирате причината.

Отвори го демотоили отвори го тука →

Три причини зошто MachineTakt

Во погонот, не во облак

Мини-PC, PostgreSQL, Windows услуга. Податоците остануваат во фабриката и системот работи и без интернет.

Andon со ескалација

Ако никој не реагира, повикот оди на следното ниво по минути што вие ги одредувате. Известување и на лични Android телефони.

На македонски

Екрани, извештаи и поддршка на јазикот на погонот.

Како изгледа

Board · ТВ во погонот
Техничар · аларми на телефон
Оператор · таблет на машината
KPI · канцеларија

Да го видите во вашата фабрика?

Закажете демо или посета. Доаѓаме кај вас.